Кривична пријава за повеќе лица и две фирми од Гостивар, граделе без дозвола и фалисификувале документи

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.С.(27), А.С.(27), А.С.(47), Б.А.(54), И.Б.(33), С.Е.(48), В.Р.(42), Друштво за производство, проектирање трговија, градежништво и услуги од Гостивар и Друштво за геодетски работи, проектирање, инжинеринг и консалтинг од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“, „фалсификување исправа“, „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“. П
рвопријавениот, второпријавениот и третопријавената-нивна мајка, во својство на физички лица-инвеститори, во текот на 2021 и 2022 година на нивна катастарска парцела во Гостивар вршеле градежни активности спротивно од одобренијата за градба издадени од општина Гостивар. Четвртопријавениот Б.А., управител на Друштвото за геодетски работи, изготвил геодетски елаборат кој не се совпаѓал со основниот проект за градење и изготвил лажна исправа која ја употребил како вистинска исправа на правното лице проектирање инженеринг и консалтинг од Гостивар. Петтопријавениот И.Б., управител на Друштво за производство, проектирање трговија, градежништво и услуги, изготвил Завршен извештај за извршен технички прием на објектот, според кој лажно е констатирано дека градбата е изградена согласно одобрението за градење и основниот проект.
Шестопријавениот С.Е., иако знаел дека овластениот градежен инспектор В.Р. со записник констатирал дека се гради надградба надвор од одобрението и дека не се отстранети недостатоците во дадениот рок, документацијата за градбата ја проследил на 03.10.2022 по електронски пат до Агенцијата за катастар на недвижности каде што ја регистрирале градбата и издале имотен лист. Седмопријавениот В.Р., најправин изготвил записник со констатација дека објектот не е изведен согласно одобрението и дал рок да се отсранат недостатоците, но потоа не спровел контролен инспекциски надзор по решението со што на инвеститорот му овозможил да го стави објектот во функција.
Ново на Сител
-

Продолжуваат тензиите на Блискиот Исток: Каква е безбедносната закана за Македонија?
-

Започна судењето на 75 годишниот Денис Асанов, обвинет за свирепо убиство во Штип
-

Поттикнат од бугарски државјанин, скопјанец ширел омраза на ФБ кон македонската држава
-

Тема на денот со Горан Марковиќ, извршен директор на Македонски Телеком
-

Во Министерството за политички систем се земало плата, а не се одело на работа
-

Политички препукувања за трагедијата во Карпош, други двајца повикани во станица дека ги нападнале сопругите
-

Меџити: Вреди ќе стане партија за 2 недели
-

Владин авион утре ќе евакуира 6 лица од Египет – досега 632 Македонци побарале евакуација
