Македонија
13. August 2015 - 17:55

Кривична пријава за првиот човек на Макпетрол и 20 други лица

21 лице опфатени со една кривична пријавца за незаконско прелевање на капитал и злоупотреба на службената положба и овластување. Прво осмничен е претседателот на упарвниот одбор во макпетроил Андреа Јосифовски, а како второ осмничен според МВР на листата е Саша Леќиќ член на управен одбор на Макпетрол.

Двајцата биле и управители во Оилко. На листата осомничени се уште осум членови на управниот одбор на макпетрол и осум членови на нанадзорниот одобор. Пријава заработија и регистрантот од централниот регистар, директорот на централниот депозитар за хартии од вредност како и претседателката на комисјата за хартии од вредност кои биле на функција во 2006та година.

Полицијата во преземните истражни дејствија утврдила дека пријавените членови на управниот одбор спортивно на законот без одлука на собранието подготивле противзаконски и штетен за останатите акционери договор за вложување во командитно друштво, а всушност станувало збор за договор за основање на Оилко во кое Макпетрол било странка.

- Првоосомничениот, А.Ј.(63) кој се јавува во својство на Претседател на Управен одбор во Макпетрол и Комплементар и Управител во Командитно друштво со акции за транспорт ОИЛКО КДА Скопје, и второосомничениот С.Л.(60), како Член на Управен одбор и Комплементар и Управител во Командитно друштво со акции за транспорт ОИЛКО, заедно со останатите осомничени, според досега прибавените докази, се товарат дека во својство на службени лица, заради стекнување со противправна имотна корист, искористувајќи ја службената положба и овластување нанеле штета на акционерите на Макпетрол Акционерско друштво за промет со нафта и нафтени деривати АД Скопје во износ од 375.180.000 денари, притоа овозможувајќи им на комплементарите да се стекнат со право да располагаат и одлучуваат за акционерски капитал и права на глас во Макпетрол АД во износ од 19.95%, а пак на командиторите да се стекнат со капитална добивка во вкупен износ од 304.193.176 денари, вели Иво Котевски, помошник министер за односи со јавност во МВР.  

По формирањето на Оилко биле склучени поголем број договори со Макпетрол од кои според годишните биланси како што тврди МВР целиот профит одел на сметка на Оилко. Споредбено профитот на Макпетрол од 2002 до 2007ма бил во износ од 1 милијара 128 милиони 185 илјади денари, а откако е формиран оилко од 2007 до 2014 Макпетрол оди во загуба од 446 милиони 626 илјади денари.

Истражните органи одлучиле случајот да оди во редовна постапка. Денеска во обвинителството исказ даваа само оштетените акционери.