-->
-->
Кривична пријава за жител на село Скудриње за вршење јавен превоз без поседување лиценца
-->

Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на Општина Маврово и Ростуше за вршење јавен превоз без поседување лиценца.
-Кривична пријава е поднесена против М.Р.(57) од селото Скудриње, Општина Маврово и Ростуше, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи - Охрид.
Додаде дека на 16-ти овој месец при сообраќајна контрола извршена на улицата „Елена Ѓика“ во Дебар, полициските службеници го затекнале пријавениот како со возило „форд транзит“ врши јавен превоз во внатрешниот сообраќај без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен државен орган.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Фидоски положи свечена заклетва
-

Седум и пол години затвор за обид за убиство на бабата и шурата
-

Охрид ја засилува патролата
-

Преглед на вестите од светот
-

Протест пред Усје, граѓаните бараат итна дислокација
-

Протест пред Усје
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-

Статус кво се активностите за непотребни кардиохируршки интервенции
