Кривична против полицаец од скопски Аеродром - не извршил пасошка контрола на лице со мерка „апси“
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против полицискиот службеник С.С. поради сомневање за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.
Според информациите, на 12 август 2025 година, при вршење на должноста „полицаец“ во Полициската станица за граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, осомничениот не извршил пасошка контрола на патник кој се наоѓал на СТОП-листата на МВР со активна мерка „апси“. Со тоа му овозможил непречен влез во државата, го ставил во поволна состојба, а истовремено нанел штета на угледот на Министерството за внатрешни работи.
По добиена согласност од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализираното одделение за дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, Одделот за внатрешна контрола ќе поднесе предлог за поведување постапка за утврдување одговорност.
Како дополнителни мерки, предвидено е одземање на службеното оружје, задолжителен психолошки и психијатриски преглед, како и суспензија од работното место.
Ново на Сител
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши
-
Истрага против 13 лица за даночно затајување, даночна измама и перење пари
-
ФФМ изрече казни за физичкиот напад во Штип
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути