Кривична против три физички и две правни лица за даночни измами, го оштетиле државниот буџет за 9.512.881 денари
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против три физички и две правни лица од Скопје за измама, фалсификување или уништување деловни книги, даночна измама и даночно затајување.
Како што информира Управата за финансиска полиција против И.Ѓ. во својство на сопственик и управител на правниот субјект Друштво за издавачка дејност, трговија и услуги ЗДЕНКА-КАБЛИ ВЛ ДООЕЛ Скопје, е поднесена кривична пријава поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „измама“ согласно член 247 став 4 в.в. со член 22 и член 45 од Кривичниот законик (КЗ), „фалсификување или уништување деловни книги“ согласно член 280 в.в. со член 22 и член 45 од КЗ, „даночна измама“ по чл.279-а ст.2 в.в. ст.1 од КЗ, и „даночно затајување“ по член 279 ст. 2 в.в. ст.1 од КЗ.
Кривична пријава е поднесена и против Р.Ѓ. поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „измама“ согласно член 247 став 4 в.в. со член 22 и член 45 од КЗ и „фалсификување на деловни книги“ согласно член 280 в.в. со член 22 и член 45 од КЗ. Против Д. Н. Е поднесена кривична пријава во својство на сопственик и управител на правниот субјект Друштво за градежништво ГРАДЕЖНИК МОНТ ТАТРА ДООЕЛ Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „даночна измама“ по чл.279-а ст.1 со член 22 и член 45 од КЗ и „даночно затајување“ по член 279 ст. 2 в.в. ст.1 од Кривичниот законик. Кривични пријави се поднесени и против Друштво за издавачка дејност, трговија и услуги ЗДЕНКА-КАБЛИ ВЛ ДООЕЛ Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „даночно затајување“ по чл.279 ст.1 в.в со ст. 4 од КЗ и „даночна измама“ по чл. 279-а ст. 2 и 4 од КЗ и против Друштво за градежништво ГРАДЕЖНИК МОНТ ТАТРА ДООЕЛ Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело дела „даночно затајување“ по чл.279 ст. 4 в.в. ст.1 од КЗ.
- Првопријавениот И. Ѓ. во својство на сопственик и управител на правното лице ЗДЕНКА-КАБЛИ ВЛ ДООЕЛ Скопје и второпријавениот Р. Ѓ. со цел да се стекнат противправна имотна корист за себе, за четвртопријавениот правен субјект Друштво за издавачка дејност, трговија и услуги ЗДЕНКА-КАБЛИ ВЛ ДООЕЛ Скопје и за петопријавениот правен субјект Друштво за градежништво ГРАДЕЖНИК МОНТ ТАТРА ДООЕЛ Скопје, во периодот од септември 2021 година до јуни 2022 година го довеле во заблуда правниот субјект Друштво со ограничена одговорност „Здружение за производство Енергокомплект“ од Република Белорусија, да склучи Договор за испорака на стока во вредност до 2.000.000 евра на начин што најнапред
првопријавениот лажно се претставил преку мејл комуникација како лице со друг идентитет (управител на правниот субјект Друштво за градежништво ГРАДЕЖНИК МОНТ ТАТРА ДООЕЛ Скопје) по име Б. Ј. иако таков управител не постои, по што заедно со второпријавениот Р. Ѓ. составиле и употребиле повеќе документи со невистинита содржина со што заеднички го довеле и држеле во заблуда правниот субјект Друштво со ограничена одговорност „Здружение за производство Енергокомплект“ претставувајќи го Друштвото за градежништво ГРАДЕЖНИК МОНТ ТАТРА ДООЕЛ Скопје дека е солвентен и сериозен правен субјект со кој може да склучи договор, врз основа на што правниот субјект Друштво со ограничена одговорност „Здружение за производство Енергокомплект“ од Р.Белорусија им испорачувал производи - кабел и жица се до крај на месец јули 2022 година кога од страна на пријавените лица се прекинал секаков контакт и истите не ја платиле испорачаната стока, соопшти Управата за финансиска полиција.
Со ваквите дејствија, се додава во соопштението, првопријавениот И. Ѓ. и второпријавениот Р. Ѓ. се стекнале со противправна имотна корист за себе, за четвртопријавениот правен субјект Друштво за издавачка дејност, трговија и услуги ЗДЕНКА-КАБЛИ ВЛ ДООЕЛ Скопје и за петопријавениот правен субјект Друштво за градежништво ГРАДЕЖНИК МОНТ ТАТРА ДООЕЛ Скопје при што му нанеле штета во висина на вредноста на доставената стока во износ од 747.249 евра, односно во денарска противвредност од 45.955.814 денари, а со тоа ги сториле кривичните дела „измама“ согласно член 247 став 4 в.в. со член 22 и член 45 од КЗ и „фалсификување или уништување на деловни книги“ согласно член 280 в.в. со член 22 и член 45 од КЗ.
- Третопријавениот за дел од увезената стока во вкупен износ со ДДВ од 35.891.852 денари, во име на петопријавениот правен субјект Друштво за градежништво ГРАДЕЖНИК МОНТ ТАТРА ДООЕЛ Скопје изготвил фиктивни излезни фактури со кои му помогнал и му овозможил на првопријавениот И. Ѓ. да ги искористи и евидентира како влезни во четвртопријавениот правен субјект Друштво за издавачка дејност, трговија и услуги ЗДЕНКА-КАБЛИ ВЛ ДООЕЛ Скопје, со помош на кои до Управата за јавни приходи во име на четвртопријавениот правен субјект поднел Даночни пријави за данок на додадена вредност – Образец ДДВ – 04 за период од 01.01.2022 до 30.09.2022 година со невистинита содржина, со што неосновано искажал право на поврат на ДДВ во вкупен износ од 5.475.061 денари, на кој начин го оштетил Буџетот a со тоа првопријавениот го сторил кривичното дело „даночна измама“ по чл.279-а ст.2 в.в. ст.1 од КЗ, се посочува во соопштението.
Се додава дека првопријавениот И. Ѓ. залихата на трговската стока евидентирана на конто 66018 – Стока на залиха во вкупен износ од 862.615 денари во четвртопријавениот правен субјект Друштво за издавачка дејност, трговија и услуги ЗДЕНКА-КАБЛИ ВЛ ДООЕЛ Скопје, патничко моторно возило БМВ во вредност од 2.500.000 денари, како и трговска стока набавена со компензации во вредност од 2.988.502 денари, со цел да се стекне со противправна имотна корист ги присвоил за себе и не ги евидентирал како кусок во сметководствената евиденција на четвртопријавениот правен субјект Друштво за издавачка дејност, трговија и услуги ЗДЕНКА-КАБЛИ ВЛ ДООЕЛ Скопје и за истото не пресметал и не уплатил Данок на додадена вредност по даночна стапка од 18 отсто во износ од 1.143.201 денари, Данок на добивка по даночна стапка од 10 отсто во износ од 635.112 денари и Данок на личен доход по пресметковна стапка од 11,11 отсто во вкупен износ од 705.608 денари, односно го оштетил Буџетот за вкупен износ од 2.483.921 денари a со тоа го сторил кривичното дело „даночно затајување“ по член 279 ст. 2 в.в ст.1 од КЗ.
- Третопријавениот дел од набавената трговска стока од правниот субјект Друштво со ограничена одговорност „Здружение за производство Енергокомплект“ во износ од 15.538.990 денари без ДДВ, која според документација обезбедена од страна на Царинска управа е извезена од петопријавеното Друштво за градежништво ГРАДЕЖНИК МОНТ ТАТРА ДООЕЛ Скопје, во правниот субјект Обоени метали Бор Р. Србија, не ја евидентирал продажбата во сметководствената евиденција на Друштвото, со што во задолжителните даночни пријави не пресметал а исто така и не уплатил Данок на добивка по даночна стапка од 10 отсто во износ од 1.553.899 денари за кој износ го оштетил Буџетот a со тоа го сторил кривичното дело „даночно затајување“ по член 279 ст. 2 в.в ст.1 од КЗ, се појаснува во соопштението и се додава дека со горенаведените дејствија пријавените го оштетиле државниот Буџет во вкупен износ од 9.512.881 денари.
Ново на Сител
-
Белата куќа: Иран е способен да произведе нуклеарна бомба за „неколку недели“
-
Кочани е во фокус на Владата од самиот почеток и ќе остане така, вели директорот на СОЗР Томовски
-
Нови големи протести против Трамп закажани за средината на јули - „Во Америка, моќта му припаѓа на народот!“
-
Почнав со импровизиран салон од 8м2, денес имам 10 вработени | Октај Сејди | Sitel Podcast 098
-
Сè уште се чека одлуката на Трамп за евентуално вклучување на САД во конфликтот на Блиски Исток
-
На Табановце се чека 40 минути за влез, а на Богородица 30 минути за излез од земјата
-
Во Иран уапсени 24 лица поради шпионажа во корист на Израел
-
ИДФ: Иран напаѓа со ракети со повеќе боеви глави