Кривична против вработен во ЈП „Национални шуми“, го оштетил претпријатието за повеќе од 500.000 денари
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.П.(58) од Охрид, со престој во општина Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Пријавениот, вработен во Јавно претпријатие „Национални шуми“- Подрачно шумско стопанство „Јабланица“ - Струга, како референт за превоз постапил спротивно на законски и подзаконски акти на тој начин што издавал испратници спротивно на Правилникот за видот и начинот на жигосување на сечата, начинот на издавање на испратница и издавал испратници без претходно издадено одобрение за сеча, со што им овозможил на физички лица да се здобијат со имотна корист.
Со ваквите дејствија на Јавното претпријатие „Национални шуми“ нанел штета во вкупен износ од 506.850 денари и Буџетот на РСМ во делот на ДДВ и проширена репродукција на шумите.
Ново на Сител
-
Спасени 28 давеници во Охридското Езеро
-
Државата започна со откуп на пченица за стоковите резерви
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинението за пожарот во „Пулс“ чека оценка од судот
-
Трамп го прими Зеленски во Белата куќа
-
Тема на денот со ново избраниот декан на ФИНКИ, Петре Ламески
-
Партиски обвинувања за Еразмус+
-
Предизборни превирања во ДУИ и ВРЕДИ