Македонија
27. October 2026 - 13:27

Кривична за 19-годишен скопјанец - вонбрачно живеел со малолетно девојче

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднела кривична пријава против 19-годишник од Скопје, кој привремено престојувал во Струга, под сомнение за кривично дело „вонбрачен живот со дете“.

Според информациите, на 8 септември 2026 година, при претрес во домот што го користел младиот скопјанец, извршен со судска наредба, била затекната 16-годишна малолетничка од Скопје.

Малолетничката потоа била предадена на претставници на Центарот за социјални работи во Струга, кои треба да преземат понатамошни мерки.