Македонија
3. March 2026 - 13:23

Кривична за 30-годишен припадник на Армијата, во ранецот му пронашле марихуана

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Р.(30) од Прилеп-припадник на армијата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 12.02.2026 во касарна во Петровец, била извршена контрола на ранецот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.