Кривична за директор и четворица вработени во јавно претпријатие во Кичево за загрозување на животната средина

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против З.Ј.(49) од с.Горно Строгомиште, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторени две продолжени кривични дела во стек „несовесно работење во службата“ по член 353-в став 1 и „загрозување на животната средина и природата со отпадни материи“, по член 230 став 1 и ст.5 и против Б.Б.(49) од с.Грешница, кичевско, С.А.(49) од Кичево, Д.Ј.(56) од Кичево и Ф.Т.(62) од Кичево поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпадни материи“ по член 230 став 4. З.Ј. - директор на Јавно комунално претпријатие „Комуналец“ во Кичево, во периодот од 2020 година до денеска постапувал спротивно на прописите за заштита на животната средина и природата, формирал дива депонија на повеќе илјади квадратни метри во населена зона во Кичево, за која давал задолженија на вработените секојдневно да складираат, оставаат или расфрлаат отпадни материи.
З.Ј. постапил спротивно и на одредбите од Законот за управување соа отпад и Законот за заштита на животната средина затоа што депонија ја формирал на државно земјиште во населениот дел на Кичево без одлука на Советот на општина Кичево, без градежна дозвола и без да поседува Интегрирана еколошка дозвола и Елаборат за заштита на животната средина. Ваквата состојба била констатирана со Записник за извршен инспекциски надзор на Државен инспекторат за животна средина. На 04.06.2025 во дивата депонија, полициски службеници ги затекнале Б.Б., С.А., Д.Ј. и Ф.Т., сите вработени како возачи ЈКП „Комуналец“, како истураат комунален отпад од специјални возила за собирање отпад.
Ново на Сител
-

АПЕЛ ЗА ПОМОШ на Роберт од Скопје кој доживеал тешка повреда на мозокот
-

Рјабков: Русија сè уште нема јасна претстава за состанокот за Украина во Берлин
-

Андоновски: На 19 декември конференција за ИКТ Стратегијата СМАРТ/МК 2030
-

Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија
-

Приведен 44-годишен маж од Прилеп поради „тешка кражба“ во манастир во Неготино
-

Традиционален предновогодишен концерт на Воениот оркестар
-

Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието
-

Најстудено во Скопје, Битола и Берово, измерени - 6 степени
