Македонија
20. May 2026 - 15:10

Кривична за двајца полицајци кои употребувајќи прекумерна сила го повредиле лицето кое го апселе

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Д.С. и М.С. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.

Пријавените, полициски службеници во Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, на 19.04.2026 околу 03:00 часот при вршење на службени дејствија, употребиле прекумерна физичка сила и нанеле повреди на лице лишено од слобода.

Одделот за внатрешна контрола против полициските службеници ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина.