-->
-->
Kривична за намерно предизвикување стечај
-->

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против две лица и едно правно лице од Валандово и Дојран поради сомнение за намерно предизвикување стечај.
Според пријавата, газдата намерно ја однел фирмата во стечај за да избегне плаќање на долг од близу 5 милиони евра кон странска фирма и долгови кон УЈП.
Финансиската полиција тврди дека преку фиктивен договор за закуп биле евидентирани пенали од 233,7 милиони денари и бил ставен товар врз имотот на фирмата, а судот подоцна го запрел извршувањето.
Откако не успеало отуѓувањето на имотот, со помош на второто лице биле префрлени уште 4 милиони денари по основ на позајмица, по што бил поднесен предлог за отворање стечајна постапка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Промените почнаа кога падна Заев
-

Бесплатни прегледи на Клиниката за неврологија
-

Недостига пристап до здравствена заштита во затворите
-

Становите во Штип достигнаа и до 1.500 евра за квадрат
-

Преглед на вестите од светот
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
