Кривична за поранешен директор и раководител на М-НАВ, го оштетиле буџетот за 1,4 милиони денари

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривични пријави за поранешен Извршен директор во М-НАВ АД Скопје заради спојување на две сосема различни неспоиви јавни набавки во една и за Б.А. во својство на в.д. раководител на одделение за јавни набавки, заради сомневање дека пропуштила да направи должен надзор. Со ова пријавените го оштетиле Буџетот на М-НАВ АД Скопје за износ од 1.493.433,00 денари.
- Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против В.К во својство на поранешен Извршен директор на Сектор за Воздухопловна Техника во Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ АД Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело ,, Злоупотреба на службена положба и овластување член 353 став 2 од Кривичниот законик и против Б.А. во својство на в.д. Раководител на одделение за јавни набавки во Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ АД Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело ,,Несовсено работење во службата член 353-в став 2 од Кривичниот законик, велат од Управата за финансика полиција.
Првопријавениот В.К. ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што извршил спојување на две сосема различни неспоиви јавни набавки во една, и тоа набавка за изработка на целосно оперативно решение за управување со документи, односно набавка на софтверско решение, со набавка на физичко и електронско архивирање на документи.
- Тој искористувајќи ја својата службена положба, во текот на 2022 година, спротивно на член 89 од Законот за јавни набавки, изработил технички спецификации и тендерска документација со дискриминирачки и несразмерни услови за квалитативен избор за Јавна набавка за обезбедување и имплементација на целосно оперативно решение за управување со документи со број на оглас 12253/2022, во кои вметнал услови и критериуми кои доминантно се однесуваат на физичко архивирање на документите и немаат никаква врска со изработка на целосно оперативно решение за управување со документи односно набавка на софтверско решение, што е спротивно на начелото на сразмерност од член 8 и начелото на конкуренција од член 5 од Законот за јавната набавка, велат од Финансиската полиција.
Второпријавената Б. А. како единствено лице кое поседува овластување за водење постапки за јавни набавки, додаваат од Управата за финасиака полиција, со пропуштање на должен надзор, несовесно постапувала во вршење на своите овластувања и должности на начин што иако, како што нагласуваат, била свесна дека така подготвената тендерска документација и техничка спецификација е изготвена спротивно на Законот за јавни набавки, ја објавила на електронскиот систем за јавни набавки со што овозможила нејзино спроведување.
- Со така дефинираните дискриминирачки и несразмерни критериуми за квалитативен избор, намалувајќи ја конкуренцијата, пријавените го оштетиле Буџетот на Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ АД Скопје за износ од 1.493.433,00 денари, за кој износ му овозможиле да оствари корист на правното лице Друштво за скенирање, обработка и складирање на документи Контего ДОО Скопје, со кое е склучен договор, појаснуваат од Управата за финансика полиција.
Ново на Сител
-

Комеморација во чест на ликот и делото на истакнатиот играорец Симеон Чулев
-

Финансова поднесе кривична против директор и раководител на ЈКП „Брегалница“ Делчево, го оштетиле буџетот на претпријатието за 7,6 милиони денари
-

Предновогодишен концерт на Воениот оркестар на Армијата и музичари од Романија
-

Кик Бокс клубот Шампион Урко - тим најуспешен македонски клуб во Ниш
-

Поевтинуваат горивата
-

Дрога пронајдена кај затвореник во Идризово
-

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
-

Американски милијардер донирал 99.999 долари за човекот кој спаси Евреи при нападот на плажата во Сиднеј
