Македонија
8. October 2026 - 13:36

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Е.С.(25) од Дебар и против правен субјект – угостителски објект во негова сопственост поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалаци на дете“ по член 204 од Кривичниот законик.

На 25.06.2026 околу 00:30 часот во неговиот угостителски објект, пријавениот послужил со алкохолен пијалок малолетник, кој подоцна пред објектот учествувал во физичка пресметка со друг малолетник и се здобил со телесни повреди.

E.С. не ја пријавил пресметката.