Кривични пријави против управители и вработени во Агенцијата за управување со одземен имот за злоупотреба на јавна набавка

Управители на две правни лица и вработени во Агенцијата за управување со одземен имот се осомничени за злоупотреба на постапка за јавна набавка, откако Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје.
Кривичната пријава е поднесена против Н.И. и Б.Г., во својство на управители на правни лица, против две правни лица, како и против пет лица вработени во Агенцијата за управување со одземен имот – Ф.А., Г.А., П.К., Ф.Ј. и А.Б.
Според пријавата, осомничените Н.И. и Б.Г. во текот на 2021 година, со однапред утврдена намера и координирани дејствија, ги повредиле прописите од постапката за јавен повик и доделување договор за јавна набавка, со што ја нарушиле конкуренцијата во постапка за продажба на хаварисани моторни возила – старо железо, организирана од Агенцијата за управување со одземен имот.
Во постапката, како што се наведува, едниот правен субјект бил прикажан како формален конкурент и доставил понуда со намерна техничка грешка и нереален паричен износ, со што им било оневозможено понатамошно наддавање на останатите учесници.
Дополнително, Г.А., П.К. и Ф.Ј., во својство на членови на комисијата за спроведување на постапката, спротивно на одредбите од Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети, а врз основа на подзаконски акт и правно мислење изготвено од А.Б., свесно помогнале во реализација на договорената шема.
На овој начин, како што информира Финансиската полиција, било овозможено склучување договор за продажба на одземени хаварисани возила како старо железо помеѓу Агенцијата за управување со одземен имот, претставувана од Ф.А., и правниот субјект управуван од Н.И., при што правното лице се стекнало со противправна имотна корист од 2.128.352 денари.
Од Управата за финансиска полиција соопштуваат дека случајот е доставен до надлежното јавно обвинителство за понатамошно постапување.
МИА
Ново на Сител
-

Сушата ги зголеми трошоците на земјоделците во Струмичко
-

Мечки ги пустошат пчеларниците
-

Скулптурите од колонијата „Марко Цепенков - Дрен 2026″ ќе бидат поставени низ парковите во Прилеп
-

Русија го нападна родното место на Зеленски – Убиени најмалку 16 луѓе
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Филипче бара извинување од Мицкоски, премиерот ја нарече одлуката на обвинителството скандалозна
-

Опозицијата поделена по понудата за предвремени избори
-

Во Скопје детектирани 13 високо ризични места за ширење на западно-нилскиот вирус
