„Кроација ерлајнс“ ја намалува фреквенцијата на летови од Загреб до Скопје и Сараево

„Кроација ерлајнс“ ги продолжува намалувањата на фреквенциите на своите летови од Загреб до Скопјe и до Сараево, објави специјализираниот сајт „Екс ју авијација“.
- Во текот на јуни, авиокомпанијата ќе опслужува во просек по седум летови неделно до Скопјe, што е намалување од девет неделно во јуни минатата година, додека Сараево ќе има просечно девет до десет летови неделно, во споредба со единаесет минатата година. Превозникот ги намалува фреквенциите на обете рути уште од зимската сезона и направи прелиминарни намалувања и за претстојната зима. Понатамошни прилагодувања остануваат можни - се вели во објавата.
Според претходните објави, „Кроација ерлајнс“ во претстојниот квартал откажува 900 лета поради драстичното зголемување на цените на млазното гориво што предизвика криза во светскиот воздушен сообраќај.
Како што објави претходно „Екс ју авијација“, од 1 јуни „Луфтханза“ прекинува со летовите помеѓу Франкфурт и Скопјe по повеќе од три години работење. Нуди алтернативни рути до Скопјe преку Виена преку својата подружница „Аустриан ерлајнс“.
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски минатата недела изјави дека во следниот период ќе има 5 нови авиолинии.
- „Аустрија ерлајнс“ ќе лета директно Виена - Охрид, во јуни почнуваат дестинациите од Краков и од Вроцлав во Полска до Охрид, како и Палермо - Сицилија и Алгеро - Сардинија до скопскиот аеродром, така што отвораме 5 нови рути во најголемата криза што ѝ се случила на авиоиндустријата кога било видена - изјави Николоски, информирајќи дека откако не беше постигнат договор со нискобуџетската авиокомпанија „Рајанер“ се водат разговори со други заинтересирани авиокомпании.
МИА
Ново на Сител
-

Мистериозна бела пена во Вардар: Дрон и инспектори во потрага по загадувачот
-

Тема на денот со Марија Андоновска директорка на Институтот за јавно здравје
-

Комисија за заразни болести - по црвените инфекции може да се појави и жолтица во Гостивар
-

АХВ ја укина забраната, водата во Валандово е повторно безбедна за пиење
-

Пет години за спас на Охридскиот регион - УНЕСКО го одложи впишувањето на листата во опасност
-

Рокас: Се водат разговори зад затворени врати, но Македонија мора да го промени Уставот
-

Велковски уверува: Парите во вториот пензиски фонд се гарантирани и со Закон и со Устав
-

Мицкоски ја заокружи реконструкцијата - Зејнула избран за нов министер без ресор
