Свет
11. August 2025 - 19:35

Крозето: Владата на Нетанјаху ги изгуби разумот и човечноста

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето денеска изјави дека последните потези на Израел во Појасот Газа се неприфатливи и дека владата на земјата ги изгуби разумот и човечноста“.

- Не сме соочени со воена операција со колатерална штета, туку со јасно одбивање да ги почитуваме правата и основните вредности на цивилизацијата. Ние сме посветени на испораката на хуманитарна помош, но сега мора да најдеме начин да го натераме израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху јасно да размислува, а не само да осудува, рече Крозето во интервју за италијанската Стампа“.

На прашањето за меѓународните санкции против Израел, Крозето рече дека е потребно Нетанјаху да се натера да се предомисли.

- Секогаш мора да ги одделуваме владите од државите и народите, како и од религијата. Ова важи и за Нетанјаху, како и за рускиот претседател Владимир Путин, чии методи досега станаа опасно слични, рече Крозето.

 

МИА