„Кругот на животот“ - што се крие зад емотивниот поздрав во ООУ „Његош“?

Кога како сонце низ облаци ќе пробие детската насмевка темнините се затскриваат. Додека сме уморни од секојдневието, лошите вести, предрасуди и страшни судови некој не заборава да твори и создава поубава иднина. Даваме значење и сила на гласот кој пробува да биде поразличен, поразумен и помил за слушање. Токму затоа, бевме во посета на OOУ „Његош“ во населба Јурумлери, Гази Баба.
Ова е приказна која никого не остава рамнодушен. На училиштниот праг деветтоодделенците се поздравуваат со идните првачиња. Потсетник е за едни од најубавите и најбезгрижни денови. Како што велат од училиштето, го опишува „КРУГОТ НА ЖИВОТОТ“. Малите срца и детски умови и стручниот кадар од училиштето одлучуваат заедно да соработуваат и работите да не ги остават на случај. Директорката заедно со наставниците и сите стручни работници во училиштето во целост се посветуваат своите ученици да ги научат на вистински вредности, меѓуврсничка почит, дружење, заедничко решавање проблеми и пружање помош. За работата и проектите на училиштето, зборува директоката Анета Цветкова
Свесни за влијанието на социјалните мрежи наставниците своите ученици ги учат како на вистински начин да ги користат платфопрмите, да бидат нивна нишка за нови другарувања, знаења и алатка за успех.
Наставничката по физичко и здравствено образование, Елеонора Пешевска, со жар споделува од каде добиле инспирација и што сакале да претстават со видеото кое за само неколку часа го преплави целиот интернет. Видео кое на гледачите не им го претстави само животниот циклус, туку на миг го замолчи општеството.
А најубавото за крај, зборувавме со големите или полуматурантите кои тапкаат во место и чекаат да го чујат последното ѕвоно во Његош.
А секако, и со идните првачиња кои ги испраќаат деветоодделенците и храбро чекаат да зачекорат во нови води. „Збогум градинке“ веќе ја испеаа.
Учениците сите до еден возбудени, многупати го прегледуваат видеото и се радуваат – нивната пиорака е испратена. Велат дека никој не очекувал видео да стане толку гледано и споделувано. Но, ова е доказ дека енергијата на добриот збор, гест и пружената рака се шири со брзина на светлината. Ги оставаме учениците во Његош да го чекаат своето следно, последно или прво ѕвоно. Нека оваа приказна биде пример за како треба да изгледа и да звучи детската насмевка во училиштните дворови.
Ново на Сител
-

СДСМ: Народот секој ден живее полошо, а мерки од Владата нема
-

Филипче: Преговорите за ЕУ зависат само од власта
-

Николоски: Првите километри од автопатот Прилеп-Битола готови следната пролет, за еден месец меѓуградски воз помеѓу двата града
-

Еколошката „бомба“ кај Пробиштип конечно ќе се санира
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Воислав Димитровски, директор на „Лајка“
-

Мицкоски на свечена академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“
-

Мицкоски на свечена академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“
