Крвави борби со кучиња се организираат во охридско-струшкиот регион
Крвави борби со кучиња се организираат во околината на Охрид и јавно се објавуваат пехарите од победниците. Кучиња облеани во крв, целосно изнемоштени се сликите кои осамнаа на социјалните мрежи по овој настан. Реакција први упатија од здружението Лајка на фејсбук кои побараа државата итно да реагира бидејќи организаторите не се криеле за овој криминален чин. Според нивното пишување, за овие борби знае и полицијата, но во еден случај била набркана од организаторите и не успеала да ги спречи во намерата. Локацијата е на излез од Охрид на патот кон Струга, а претходно според Лајка овие лица организирале борби и во кампот Андон Дуков и ширум други струшки и тетовски села.
„ Со пехари, со присуство на лица од други градови и држави со цела организираност која е апла воочлива и за полицијата која со години никого не санкционирала. Локацијата е добро позната и на полицијата, која ако е доследна на заклетвата која ја дала и на она што нејзина должност е, би проделувала на основ и на оваа објава и доказен материјал (да, и сликите се доказ, за оној што на правината и доброста сакаат да им служат), на ова очигледно прекршување на законите и дивеење ширум државава. Не може и не смее за некого законите да важат (и за најмали ситници), а за некои да не важат (и за вакви големи зла).“
Остро реагираа и од Анима мунди кои велат сведоци се на илјадници вакви громорозни настани во кои многу животни го загубиле животот давејќи се во сопствената крв а за кои институциите не регираат. Бараат од МВР итно да ги санкционира сторителите.
„Дел од кучињата кои овие злосторници ги користат и не се “квалификуваат” за умоболните дејствија на кои се приморувани или завршуваат на улица или се немилосрдно убиени од страна на нивните сопственици. Низ годините сме сведоци како ваквиот калибар на злосторници јавно по социјалните мрежи објавува видео записи и фотографии од борби, отворено и како да не се прекршуваат низа закони објавува настани од ваков тип со точна локација и датум.“
Полицијата поднела пријава против 45 маж од Зајас, кој се сомничи дека минатиот месец организирал борби со кучиња во атарот на село Букојчани. За последниот случај за кој реагираа здруженијата, од МВР нема детали.
Во СВР Охрид досега нема официјално доставена пријава за борба со кучиња, но апелираме до граѓаните доколку забележат ваква појава, да пријават во најблиската полициска станица.
Од МВР велат дека интезивно вршат контроли на подрачјата на Охрид, Струга,Кичево, Дебар.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
