-->
-->
Кумановец почина откако му се слошило додека возел на локален пат
-->

На 22.03.2026 околу 17:00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локален пат село Клечовце- село Шупљи Камен, на место викано „Кантон“, патничко моторно возило „даеву тико“ со кумановски регистарски, управувано од М.Д.(64) од Куманово, излетало од патот.
-Притоа, лекар од Итна медицинска помош кај возачот М.Д. констатирал смрт, додека кај сопатничката Л.Д.(57) биле констатирани телесни повреди во Општа болница Куманово. Според изјавата на сопатничката , на М.Д. му се слошило и изгубил свест пред да се случи несреќата, информира МВР.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
Увид извршила увидна екипа од СВР Куманово.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ким повторно именуван за претседател на Северна Кореја, Путин упати честитки
-

СДСМ: Мерките се задоцнети
-

Изминатите три дена 1699 сообраќајни прекршоци, уапсени 60 лица за безобѕирно управување на возило
-

Истражување: Некои бактерии можат да преживеат меѓупланетарни патувања
-

Реал го победи Атлетико во дербито на Мадрид
-

Меси го надмина Пеле по број на голови од слободен удар
-

РФМ во Белград ќе договара заедничко натпреварување со Србија и со Црна Гора
-

Иран се заканува со минирање на Персискиот Залив
