-->
-->
Куп на Македонија: МЗТ го победи Работнички во „вечното дерби“
-->
Во првиот полуфинален натпревар од Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го совладаа градскиот ривал Работнички со 81:76 (43:38) и се пласираа во финалето, 17-то за нив откако постои клубот.
„Штрковите“ на тој начин ќе имаат можност да дојдат до својата 12-та титула во ова натпреварување.
Тимот од Аеродром ќе го чека подобриот од дуелот помеѓу Еуро Никел и Пелистер кој е закажан за 19,30 часот.
Мечот беше неизвесен во најголемиот тек, МЗТ Скопје цело време водеше, Работнички се доближуваше, но сепак завршницата му припадна на шампионот за конечна победа.
Војдан Стојановски беше најдобар на теренот со 18 поени, осум асистенции, 4 скока, 6 украдени топки. Кај поразените Трис запиша 20 поени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кривични пријави за малолетничките од Ѓорче Петров
-

46 години од смртта на Јосип Броз Тито
-

Нови цени на горивата: Бензините поскапуваат за 2 и пол, дизелот за 2 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

123 години од смртта на Гоце Делчев
-

Продолжи судењето за пожарот во „Пулс“
-

Локалната промоција клучна за повеќе туристи
-

Преглед на вестите од светот
