Кушнер: Израел мора да се ослободи од воениот менталитет

Американскиот специјален пратеник Џаред Кушнер, во подкастот на Матијас Депфнер, истакна дека Израел мора да се ослободи од постојаниот воен менталитет и да се насочи на економска дипломатија, објави „Тајмс оф Израел“.
Кушнер го наведе примерот на арапските држави од Персискиот Залив.
– Кога Саудијците или делегација од Обединетите Арапски Емирати доаѓа во Вашингтон, тие со себе водат сто бизнисмени и потпишуваат договори, наведе Кушнер.
При тоа тој ја пофали економијата и технолошкиот сектор на Израел, сугерирајќи дека земјата треба да ги искористи овие предности за да изгради подлабоки врски со нациите во регионот. Како пример, тој посочи на можноста Израел и Египет заеднички да изградат центри за податоци и да развијат енергетски проекти на полуостровот Синај, откако ќе се реши конфликтот во Појасот Газа.
Кушнер наведе и дека можноста за воспоставување две држави е условено од подоброто управување со палестинските територии. Според него палестинската самоуправа е длабоко корумпирана и неефикасна, а Хамас е терористичка организација. Тој ги пофали членовите на новата палестинска технократска Влада, која би требало да го преземе управувањето со Појасот Газа.
МИА
Ново на Сител
-

Модернизација и дигитализација на земјоделското производство
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски за насилството врз жените - Шокиран сум!
-

Премиерот најави три нови мерки за младите
-

Тема на денот со Злате Димовски, професор за безбедност
-

Прилепската болница доби нов ЕМГ апарат, овие пациенти сега не мора да одат во Скопје
-

Струмичани ќе предлагаат решенија за нов изглед на плоштадот Гоце Делчев
-

„One Stop Shop“ системот ќе ги доближи Македонија и Албанија
