Кушнер: Путин вети дека нема да употреби нуклеарно оружје во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин ги уверил американските претставници дека нема намера да употреби нуклеарно оружје во војната против Украина. Ова го откри специјалниот американски пратеник Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Тој се согласи дека нема да употреби нуклеарно оружје и повторно нè увери дека тоа не му е намерата“, изјави Кушнер во подкастот „MD Meets“, чиј домаќин е Матијас Депфнер, извршен директор на германската медиумска групација „Аксел Шпрингер“.
Кушнер оцени и дека рускиот лидер покажал одредена воздржаност во текот на конфликтот.
Од почетокот на руската целосна инвазија врз Украина во 2022 година, во САД и во други западни земји постојано постои загриженост дека Путин би можел да посегне по тактичко нуклеарно оружје. Стравувањата дополнително се засилуваа поради честите нуклеарни закани од руски официјални претставници и државните медиуми.
Американскиот пратеник ги отфрли и обвинувањата дека Вашингтон е премногу близок со Москва во преговорите за Украина. Тој нагласи дека САД не вршеле притисок врз украинскиот претседател Володимир Зеленски ниту врз украинската страна, туку настапувале во улога на посредник.
Според Кушнер, САД биле најголемиот финансиски поддржувач на Украина од почетокот на војната, а продолжиле да ѝ обезбедуваат и разузнавачки информации.
Сепак, тој ја обвини Украина дека придонела за забавување на напорите за постигнување мировен договор, посочувајќи го наводниот напад врз една од резиденциите на рускиот претседател кон крајот на декември.
Кушнер смета дека овој инцидент негативно влијаел врз подготвеноста на Путин за натамошен напредок во разговорите за мировен план.
Русија кон крајот на минатата година тврдеше дека Украина се обидела со беспилотни летала да ја нападне резиденцијата на Путин во Валдај. Сепак, според американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), објектот не бил целта на нападот.
Ново на Сител
-

Реал е првиот тим што избори плејоф во Лигата на шампионите
-

Почина гитаристот на „Дјуран дјуран“, Енди Тејлор
-

Денеска се слави Свети Јован Златоуст - еден од најголемите црковни отци, богослови и проповедници
-

Кушнер: Путин вети дека нема да употреби нуклеарно оружје во Украина
-

Одбележување на Светскиот ден на детето
-

Трамп и Руте со заедничка порака до Москва: Русија да не ја проширува војната во Украина
-

Маск објави дека секое дете во САД ќе добие две акции од SpaceX
-

Александар Чупиќ ќе распише напладне избори за претседател на Србија
