Квалификации ЕУРО2024: Утре почнува продажба на влезници за гостувањето на Италија
Продажбата на влезници за претстојниот натпревар на македонската фудбалска репрезентација против актуелниот европски првак Италија во Скопје во рамки на квалификациите за ЕУРО 2024 ќе почне утре, објави Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Билетите ќе се продаваат по цена од 300 и 500 денари.
ФФМ објави дека „продажбата на билети за натпреварот Македонија – Италија ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите“.
Европскиот првак Италија ќе гостува во Скопје на 9 септември, а натпреварот со почеток од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ е во рамки на квалификациската група Ц во која македонската репрезентација е на претпоследното, четврто, место со три бодови од исто толку натпревари.
Ново на Сител
-
М-НАВ: Ставен во функција радарот на скопскиот аеродром
-
38-годишен маж пронајден мртов во својот дом во Кисела Вода
-
Прегазена 59-годишна жена во Кисела Вода
-
МВР со детали за пожарите кај Зелен пазар и Кисела Вода
-
Тихановскаја го предупредува Трамп да биде внимателен со Лукашенко
-
ЗОО Скопје: Ризикот од животинската туберкулоза за посетителите е многу низок
-
Приведен 31-годишен струмичанец за обид за разбојничка кражба со украдено возило од Неготино
-
Кривична против поранешни директори и заповедник во затворот во Струмица за „злоупотреба на службената положба“