Италијанскиот фудбалски гигант Милан ќе одржи камп во Скопје

За прв пат во Македонија, младите фудбалски таленти ќе имаат можност да бидат дел од официјалниот AC Milan Academy Camp, кој ќе се одржи во Скопје од 10 до 14 јуни 2026, на терените на Фудбалската федерација на Македонија, објави организаторот на настанот.
Кампот на Милан во Скопје ќе се реализира со поддршка од Италијанската амбасада и Фудбалската федерација на Македонија.
Кампот е наменет за момчиња и девојчиња на возраст од 5 до 17 години, кои сакаат да го развијат својот фудбалски потенцијал преку професионална тренинг програма, создадена според методологијата на една од најпознатите фудбалски академии во светот.
Учесниците ќе тренираат под водство на официјални тренери од Милан, кои ќе работат со децата според стандардите и вредностите на клубот. Најдобрите три играчи, проценети од самите тренери на кампот, ќе добијат можност бесплатно да учествуваат на клупски камп во Италија.
МИА
Ново на Сител
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Норис победник на трката во Бразил, титулата кај конструкторите за Мерцедес
-

Алкараз победник на Мастерсот 1000 Париз
-

Трамп: Америка со последните избори направи голем чекор назад во историјата
-

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков
-

Три месеци ја демнел и ја уценувал со тајно направени експлицитни снимки ако не биде со него
-

Мајката му однела пакет во „Идризово“, затворските служби пронашле 171 таблета
-

Пијан 19-годишник нападнал полицаец во Гостивар, приведени уште две лица
