Италијанскиот фудбалски гигант Милан ќе одржи камп во Скопје

За прв пат во Македонија, младите фудбалски таленти ќе имаат можност да бидат дел од официјалниот AC Milan Academy Camp, кој ќе се одржи во Скопје од 10 до 14 јуни 2026, на терените на Фудбалската федерација на Македонија, објави организаторот на настанот.
Кампот на Милан во Скопје ќе се реализира со поддршка од Италијанската амбасада и Фудбалската федерација на Македонија.
Кампот е наменет за момчиња и девојчиња на возраст од 5 до 17 години, кои сакаат да го развијат својот фудбалски потенцијал преку професионална тренинг програма, создадена според методологијата на една од најпознатите фудбалски академии во светот.
Учесниците ќе тренираат под водство на официјални тренери од Милан, кои ќе работат со децата според стандардите и вредностите на клубот. Најдобрите три играчи, проценети од самите тренери на кампот, ќе добијат можност бесплатно да учествуваат на клупски камп во Италија.
МИА
Ново на Сител
-

Конференција „Безбедност 2030: Ера на паметни технологии, отпорни општества, ризици и предизвици“
-

Тема на денот со Зоран Јолевски, поранешен амбасадор во САД
-

Заседава раководството на СДСМ
-

Царина разоткри шверц на 70 милиони парчиња цигари, оштетен државниот буџет за над шест милиони евра
-

Пецов - Ѓаволот призна вина, доби две години условнa
-

Стручна комисија утврди - нема лекарска грешка во третманот на родилката од Струмица
-

Серија средби на Мицкоски во Њујорк
-

Пратенички прашања во Собранието
