Македонија
9. November 2026 - 16:47

Исплатата од „Алта банка“ започна и во Струмица, но со неколкучасовно доцнење

Алта банка ги отвори шалтерите во Струмица за исплата на готовина. Исплатата започна со доцнење што предизвика гужви и нервоза кај граѓаните кои со часови чекаа пред експозитурата за да ги подигнат своите средства, чиј износ е ограничен на 20.000 денари.

Претпладне исплата не се вршела бидејќи, според информациите од клиентите, немало готовина, па се чекало да пристигнат пари од Скопје. По започнувањето на исплатата, повторно се создадоа гужви пред шалтерите.

За разлика од граѓаните кои чекаа на шалтер, подигањето готовина од банкоматите се одвиваше нешто побрзо, без подолго задржување.

Од Народната банка информираат дека исплатите ќе продолжат и во наредните денови. Од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Од Народната банка велат дека континуирано ја следат состојбата и ги приспособуваат мерките  со приоритет да обезбедат уредно опслужување на граѓаните и заштита на интересите на клиентите.