Македонија
9. November 2026 - 16:41

Гужви во пунктовите за имунизација со деца од градинки кои не примиле МРП вакцина

Повеќе од стотина деца кои одат во градинки во петокот и денес ги посетиле пунктовите за имунизација за да ја примат пропуштената МРП вакцина. Иако првата доза според календарот е на 13 месеци, огромен број деца од скопските општини на 3 или четиригодишна возраст се невакцинирани против морбили. Појавата на 5-те потврдени случаи на мали сипаници и укажувањата од надлежните до училиштата и градинките за проверка на вакциналните картони,  ги наполни диспанзерите. 

- За жал имаме огромен број на невакцинирани, речиси секое второ дете што оди во градинка е со прошуштена доза односно невакцинирано. Тоа е еден алармантен знак што укажува дека навистина се наоѓаме во тој епидемиолошки ризик и родителите треба да бидат свесни и загрижени, изјави д-р Каролина Ристова Стефановска, педијатар и раководител на превентивна заштита во Здравствен дом Скопје.

Викендот имало сонителни случаи на морбили, но анализите во Инситтутот за јавн оздравје покажале дека се негативни на мали сипаници. Надлежните здравствени власти велат дека засега нема услови за прогласување на епидемија, а лекарите во вакциналните пунктови стравуваат и не сакаат да се повтори 2019 кога покрај повеќе од 2000 заразени имаше и четири смртни случаи.

- Не сакаме да ни се врати 2019, оти прогласувањето на епидемија си носи и одредени вонредни мерки, а јас би сакала да укажам и дека по барање на министерството за здравство од оваа недела ќе почнеме и со втора смена за вакцинација, изјави д-р Стефановска. 

Иако во епидемијата во 2019 беа вакцинирани сите прошуштени случаи, по ковид пандемијата опфатот со МРП вакцината почна драстично да опаѓа. Во 2023 бил 72 проценти а лани е паднат на 62 отсто имунизирани со прва доза на вакцината против морбили.