Loading Video...
Фудбал
10. November 2021 - 19:42

Квалификации за СП: Победникот во Ереван останува со шанси за 2. Место

Македонската фудбалска репрезентација утревечер во 18ч во Ереван го игра  квалификацискиот дуел за мундијалот во Катар  со селекцијата на Ерменија .  Селекторот Милевски очекува квалитетен и неизвесен дуел бидејќи двете селекции ќе играат на победа за второто место во групата. 
 
Ерменија и Македонија  се селекции кои во последните неколку сезони играат често во квалификациските групи и во Лигата на нациите.  Од осамостојувањето имаме 11 средби со нашиот утрешен домаќи и интересно и двете селекции имаат по 4 победи и вкупно три нерешени средби. 
Ерменците како домаќини се незгодни за Македонија  и ги добија последните три средби пред својата публика. 
Последниот натпревар помеѓу овие две репрезентации се одигра во Скопје и заврши без голови.
 
Македонија и Ерменија имаат по  12 бода и го делат третото место во групата со бод помалку од второпласираната  Романија која утре го пречекува Исланд а во последното коло му гостува на Лихтенштајн. 
За избраниците на селекторот Милевски  во игра се само победи против Ерменија и Исланд во Скопје за да со евентуален кикс на Романците го освои второто место во групата кое води во баражот.