Квалификациите за ЕП загревање за завршните дуели од Лигата на нации
Селекцијата на Косово ќе биде противник на Македонија во полуфиналето од Лигата на Нациите откако оваа репрезентација вчера убедливо славеше против директниот конкурент Азербејџан со 4-0.
Натпреварот ќе се одигра во март 2020-та година во нашата земја.
Косово иако релативно млада репрезентација во меѓународниот фудбал одигра исто како и Македонија одлично во лигата на нациите и го освои првото место во својата група.
Победата од 4-0 против првиот фаворит Азербејџан потврдува дека се работи за квалитетна селекција која натпреварите во групата ги заврши без пораз со четири победи и две нерешени средби. Покрај Косово и Азербејџан во оваа група играа уште и Малта и Фарските острови.
Доколку Македонија која во полуфиналето ќе игра како домаќин го елиминира Косово во финалето ќе игра со Белорусија или Грузија кои ќе играат во второто полуфинале.
Со овој успех нашата репрезентација се квалификува во Ц-групата со што при извлекувањето на групите за следниот квалификациски циклус за Европското првенство ќе се најде во 5. Шешир заедно со селекциите на Белорусија, Луксембург, Ерменија, Косово Азербејџан, Казахстан, Молдавија, Гибралтар и Фарските Острови.
-

Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
