Loading Video...
Фудбал
27. August 2022 - 17:46
Лацио го доби дербито против Интер
Лацио со 3-1 славеше над Интер во дербито одиграно на „Олимпико“ во Рим, во рамките од 3.коло на италијанската Серија А меѓу
Домаќините поведоа со голот на Фелипе Андерсон во 40.минута.
По 6.минути игра во вториот дел Лаутаро Мартинез израмни на 1-1.
Откако домашниот тренер Маурицио Сари во игра ги внесе Луис Алберто и Педро, домаќините заиграа уште поофанзивно.
Тоа донесе резултат во 75.минута кога по асистенција од Педро, Луис Алберто со прекрасен гол одново му донесе предност на Лацио. а 10.минути подоцна и Педро се запиша во листата на стрелците поставувајќи ги конечните 3-1.
Македонскиот интернационалец Илија Нестороски беше асистент за победничкиот гол на Удинезе на гостувањето кај Монца со 2-1.
Во мечот во кој домаќините поведоа први со голот на Колпани во 32-та, а во 36-тата минута Бето израмни на 1-1, Нестороски кој влезе во игра во 69.минута саму осум минути подоцна на прекрасен начин му асистираше на Удоги кој го постигна вториот гол за победа на Удинезе со 2-1.
За Монца ова е трет пораз на стартот на сезоната, а гостите од Удине имаат по еден, победа, пораз и нерешен резултат
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->