Лафчиски ја заокружи посетата на Пентагон: Потврдена високата доверба и соработката меѓу армиите на Македонија и на САД

Соработката и високата доверба меѓу армиите на Македонија и на САД, стратешкото значење на армискиот полигон „Криволак“ и можностите за развој на истиот, како и опремувањето и модернизацијата на Армијата, биле во фокусот на средбите на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, со високи претставници на Вооружените сили (ВС) на САД, во Пентагон, со коишто ја заокружи повеќедневната работна посета на ВС на Соединетите Американски Држави.
Како што соопшти Генералштабот, во текот на вчерашниот ден, генералот Лафчиски остварил средба со началникот на штаб на Армијата на САД, генерал Ренди Џорџ, на која беше потврдена високата доверба и соработка помеѓу двете армии.
-На средбата беа споделени искуствата на Армијата на САД во водење на современи конфликти, вклучително и за развој на нови способности, пред сè во справување со закани од беспилотни летала и беспосадни системи. Дополнително се разговараше и за стратешкото значење на армискиот полигон „Криволак“ и можностите за развој на истиот, со цел зголемување на капацитетите за изведување обука и вежби, стои во соопштението.
Во рамки на посетата, генералот Лафчиски се сретнал и со началникот на Г-8 на Армијата на САД, генерал-потполковник Питер Бенхоф и претставници од директоратот за одбранбена соработка на САД. За време на одвоените средби се разговарало за процесите поврзани со опремувањето и модернизацијата на Армијата.
-На вчерашните средби на генералот Лафчиски во Вашингтон, претходеа низа значајни активности, меѓу кои средба со заменик-началникот на Здружениот штаб на Вооружените сили на САД, генерал Кристофер Махони, присуство на свечената церемонија по повод примопредавање на должноста командант на Националната гарда (НГ) на Вермонт и средба со новиот командант на НГ на Вермонт, генерал-мајор Хенри Хардер, се наведува во соопштението на Генералштабот.
Оттаму додаваат дека работната посета на македонската делегација претставува потврда за континуираната соработка помеѓу македонската Армија и Вооружените сили на Соединетите Американски Држави.
МИА
Ново на Сител
-

Уапсен полски државјанин под сомнение дека ја шпионирал воената база на грчкиот остров Крит
-

Отворен оган врз ирански брод што премногу се приближил до носачот на авиони „Абрахам Линколн“
-

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради протест
-

Третина од онлајн купувачите се пожалиле на проблеми при купувањето, најчесто за бавна испорака
-

Сирени се огласија во воздухопловната база Инџирлик, во Турција, што ја користи НАТО
-

Најстудено утрово во Берово, 58 сантиметри снег на Попова Шапка
-

САД дозволија привремени купувања на руска нафта заглавена на море
-

Во Струшко изречени 57 санкции за сообраќајни прекршоци, приведено едно лице, а одземено е и едно возило
