Лани околу 12.000 Македонци работеле во Хрватска, најмногу во туризмот

Во текот на изминатата година, во Хрватска биле ангажирани нешто под 12 илјади работници од Македонија, покажуваат податоците на хрватското Министерство за внатрешни работи, објавени од Forbes.
Најмногу дозволи за престој и работа во 2025 година добиле државјани на Босна и Херцеговина (32.225), по што следуваат Непал (31.708), Србија (24.278), Филипини (17.629), Индија (15.400) и Македонија со 11.856 издадени дозволи. Потоа следуваат Косово, Узбекистан, Египет и Бангладеш.
Во периодот од 1 јануари до 31 декември 2025 година, Хрватска издала вкупно 170.723 дозволи за престој и работа, во согласност со Законот за странци.
Најголем дел од дозволите се однесуваат на вработувања во туризмот и угостителството (52.858), веднаш потоа во градежништвото (52.776), индустријата (24.479), транспортот и комуникациите (13.039), како и трговијата (8.601).
Од вкупниот број, 80.365 дозволи биле за нови работни ангажмани, 70.275 за продолжување на веќе постојни дозволи, додека 20.083 се однесуваат на сезонска работа.
Хрватска повеќе не применува систем на квоти, туку т.н. тест на пазарот на трудот. Тоа значи дека работодавачите, пред да побараат дозвола за странски работник, мора да утврдат дали има достапен кадар од домашниот пазар, објаснува Хрватска служба за вработување.
Според податоците на CES, во јануари годинава најбарани профили биле помошник-готвач, градежен работник, келнер/келнерка, собарка и чистач, со просечни бруто плати кои се движат од околу 1.090 до 1.315 евра.
Ново на Сител
-

Десет возачи лишени од слобода за возење без дозвола, со забрана и под алкохол
-

Сообраќајот по влажни коловози, одронот кај село Колари е отстранет
-

Реал сезонава заработи најмногу пенали во петте најсилни лиги во Европа
-

Калас: Моето чувство е дека земјите-членки не се подготвени да дадат конкретен датум за членство на Украина во ЕУ
-

Епидемија на мали сипаници во северен Лондон
-

Заладување со нови пообилни врнежи
-

Мицкоски во Минхен: Не ни треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина
-

Уставниот суд воведува редовни средби со граѓаните секој прв четврток во месецот
