-->
-->
Лариџани: Иран нема да преговара со САД
-->

Секретарот на иранскиот Врховен совет за национална безбедност, Али Лариџани, денеска изјави дека Техеран нема да преговара со САД.
По информациите во западните медиуми во врска со барањето на Техеран за преговори со Вашингтон, Лариџани нагласи дека Иран нема да преговара со САД, пренесува Тасним.
Рано утрово, „Волстрит џурнал“ објави дека Лариџани ѝ ги испратил на оманската страна своите планови за продолжување на преговорите со САД.
САД и Израел започнаа напади врз Иран во сабота наутро, во време кога беа во тек индиректни нуклеарни разговори меѓу Техеран и Вашингтон, со посредство на Оман.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски ја отвори Конститутивната седница на Советот за иновации
-

Рекорден број крводарувања во Штип, лани собрани над 5500 крвни единици
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
