Лавров: Неколку земји побараа членство, но БРИКС нема да брза со проширување

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска соопшти дека неколку земји поднеле барање за приклучување кон БРИКС, но оти не се не брза со проширувањето на членството, бидејќи бројот членки последните години двојно се зголемил.
„Постојат конкретни барања за полноправно членство. Мислам дека нема смисла тоа јавно да се дискутира“, рече Лавров на прес-конференцијата одржана во рамки на Самитот на БРИКС што се одржува во Њу Делхи.
Тој истакна дека интересот на државите за БРИКС не се намалува „и покрај притисокот од Западот“.
Лавров оцени дека западните земји, особено САД, јавно го претставуваат БРИКС како противник на напредокот, но оти тоа не го намалува интересот за членство или партнерство.
Тој нагласи дека БРИКС не се обидува да се изолира од остатокот од светот, ниту од, како што рече, „светското малцинство“.
БРИКС е организација основана во 2006 година од Русија, Кина, Индија и Бразил. Јужна Африка се приклучи во 2011 година, а Египет, Етиопија, Иран и Обединетите Арапски Емирати во 2024 година, додека Индонезија стана членка во 2025 година.
На листата на партнерски земји се и Белорусија, Боливија, Казахстан, Куба, Малезија, Тајланд, Уганда, Узбекистан и Нигерија.
Лавров престојува во тридневна посета на индиската престолнина, каде што одржа средби со министрите за надворешни работи на Индија, Тајланд, Египет, Иран и на Малезија.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со министерката за образование и наука, Весна Јаневска
-

САД ке ја предводи истрагата за инцидентот на „Рајанер“ што се случи на македонското небо
-

Власта и опозицијата се обвинуваат кој не сака нов Изборен законик
-

Утре во Собрание владината реконструкција
-

Владината кошничка ќе биде усвоена следната недела на ЕСС
-

Високите температури го зголемија ризикот од труење со храна - на инфективна секојдневно имаат пациенти
-

За 30% зголемен бројот на повици во Итната помош Прилеп, недостасува кадар од сите профили
-

Овчата сипаница го пустоши сточниот фонд
