Лазаревски: Иако се подготвуваме за нивната игра, тешко беше да се спречи транзицијата на Холандија
Македонскиот ракометар Милан Лазаревски се осврна на поразот од Холандија вчеравечер во Вараждин на Светското ракометно првенство 2025.
Македонија загуби со 37:32, во меч на кој „главната улога“ ја имаа судиите.
– Единствено нешто што ги издвојува Холанѓаните е нивната брза полуконтра и контра. Не се физички супериорни. Транзицијата им е извежбана до перфекција и колку да се подготвуваш, едноставно тешко е да им се спротивставиш на натпревар. Како што видовте, на поставен напад доста добро париравме, но одлучија нивните лесни голови во транзиција. Можеби немавме фер шанса да се натпреваруваме. Знам дека судиите ќе бидат главната тема на од овој меч. Браво за нашите репрезентативци од мене за пристапот и за волјата, истакна Лазаревски.
За избраниците на селекторот Кире Лазаров денес е слободен ден, а утре во 3. коло од Д-групата ќе се соочат со Гвинеја. Со победа или нерешено, Македонија ќе се пласира во Главната групна фаза.
Ново на Сител
-
СДСМ бара оставка од министерот за спорт
-
Манасиевски: Човек како Митовски не смее да биде градоначалник
-
Високите цени и потребата од нови мерки ќе се разгледуваат на ЕСС следната недела
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Бојан Трајковски, Асоцијација на специјализанти и млади лекари
-
Грета Тунберг на протест за Дошница
-
Преглед на вестите од светот
-
Цела недела топлотен бран – од утре мало разладување