Лазаров по пласманот во осминафиналето на Европскиот куп: Тоа беше нашата зацртана цел и ја остваривме

Ракометарите на Алкалоид со две победи над Вест Виена од Австрија изборија осминафиналето на Европскиот Куп.
Тренерот Кирил Лазаров е задоволен од остварување на целта, но искажа критики за дел од играчите кои добија шанса да настапат на двомечот со австрискиот тим.
– Најважно ни беше да се пласираме во следната фаза и тоа го остваривме. Игравме против една квалитетна и млада екипа од Австрија која покажа на сите нас како се игра и како се бори до последен здив, на специјален и модерен начин. Им дадов шанса на сите играчи во овие два натпревари, знаев дека во моментов сме подобар и поискусен тим, малку и ризикувавме, но треба да знаеме со што располагаме. Морам да кажам дека сум незадоволен од презентацијата на неколкумина наши играчи, треба да работиме и сите да се свесни дека мора да менуваме стари навики доколку сакаме да бидеме на ниво кое јас како тренер го посакувам и ние како клуб Алкалоид го посакуваме. Загрижен сум, затоа што во иднина не очекуваат потешки натпревари. Околу следната фаза, не ги знам сите имиња на можните ривали. Но, од оние кои се тука, скандинавските екипи ни се непознаница, би сакал да го избегнеме Олимпијакос, но ќе видиме кога ќе ја добиеме целата листа, истакна Лазаров на прес-конференцијата по синоќешниот дуел со Вест Виена.
Алкалоид победи со 32:29 и со вкупни 70:56 оди во осминафиналето.
Ново на Сител
-

Најстудено утрово во Берово, 58 сантиметри снег на Попова Шапка
-

САД дозволија привремени купувања на руска нафта заглавена на море
-

Во Струшко изречени 57 санкции за сообраќајни прекршоци, приведено едно лице, а одземено е и едно возило
-

Вооружен маж е убиен откако со возило влетал во синагога во Вест Блумфилд, во околината на Детроит
-

Трамп упати нова закана до Иран: Внимавајте што ќе се случи денеска
-

Мицкоски во Кочани на почеток на изградба на две улици и на увид на градежни активности
-

Сончево со мала до умерена локална облачност и температура до 20 степени
-

Мицкоски: Во име на Владата имавме чест да организираме ифтарска вечера, момент на заедништво, почит и духовна поврзаност
