Лазаров: Словачка е репрезентација која има изграден систем

Македонската ракометна репрезентација од вчера ги стартуваше подготовките за бараж дуелите од Светското првенство против Словачка. Во претходниот бараж дуел Словачка ја елиминира Украина со победа (27:24) како гостин (натпреварот се играше во Германија) и пораз на домашен терен (31:32). Но, селекторот на македонската репрезентација Кирил Лазаров, покрај за противникот зборуваше и за нашиот последен бараж со Фарски острови.
- Имаме почит кон селекцијата на Словачка, имаат селектор од Шпанија, земја која ги дава најдобрите тренери во речиси сите спортови. Од минатиот бараж со Фарски острови, научивме дека секој гол е важен, особено на гостински терен. Мора да имаме ритам сите 60 минути. Играат во Прешов, град познат по ракометот. Имаат изграден систем, немаат поединци да се истакнат, ама како тим функционираат добро. Нема да биде воопшто лесно, свесни сме за тоа. Треба да ги почитуваме нив, но и играчите кои доаѓаат да го бранат националниот дрес. Првата задача ни е Прешов, каде што очекувам цврст и физички натпревар со многу прекини. Потоа на реваншот во Скопје очекувам максимална поддршка и полни трибини во СЦ „Борис Трајковски“, изјави македонскиот селектор.
Првиот натпревар се игра на 14.мај (четврток) во Прешов во 19 часот, а реваншот е на 17.мај (недела) во Скопје.
МИА
Ново на Сител
-

Ахмети: Јас побарав Груби да се врати и да се соочи со одговорност
-

34 години од усвојувањето на македонското знаме и химната на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Лебот и пецивата под притисок за поскапување
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски
-

Дизелот од полноќ поевтин за 8 денари, бензините за 4 денари по литар
-

Македонија втора недела под топлотен бран - не се исполнети условите за црвена фаза
-

Пожарен аларм низ Европа: Македонија под висок ризик, огнот беснее во регионот
