Македонија
9. January 2026 - 10:48

Лажен доктор измамил 77-годишен виничанец за сума од над 430.000 денари

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од над 430.000 денари.

Според пријавата, во текот на денот тој добил телефонски повик од лице кое се претставило како лекар и го известило дека неговата ќерка се наоѓа во болница поради скршеница на нога и дека е потребна итна операција со вградување на шипки. Наводно, за интервенцијата биле побарани пари, по што оштетениот во неколку наврати ги однел парите на договорено место.

Откако се вратил дома, му се јавила неговата ќерка, по што сфатил дека станува збор за измама.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

 

МИА