Loading Video...
Фудбал
4. јуни 2018 - 15:55

ЛЕ: Познати евентуалните ривали на Вардар

На 19-ти јуни во Нион ќе бидат извлечени двојките за првото квалификациско коло од Лига Европа.  Екипата на Вардар е во групата на носители а таквата улога ќе ја задржи и при евентуалниот пласман во втората рунда бидејќи во моментов во УЕФА има коефициент од 5000. 
Минатата година Вардар  го елиминира турскиот гигант Фенербахче и испиша историја во македонскиот фудбал со пласманот во групната фаза од Лига Европа  како прв македонски клуб кој остварил ваков пласман.
Интересни се и имињата на можните противници.  Групата е поголема а од позвучните би ги издвоиле Левадија Талин, Хонвед,  Ференцварош, Пјуник, Партизани но и летонска Рига која ја тренира поранешниот тренер на Вардар Гоце  Седлоски. 
Натпреварите од првото квалификациско коло ќе се играат на 12. Јули. 
Во Лига Европа покрај Вардар ќе настапат уште и Работнички и Шкупи.