Леброн навести дека крајот е близу: Не ми останува уште многу време

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс синоќа по победата над Бруклин Нетс зборуваше за своите идни планови. Тој истакна дека малку му останало од неговата активна кариера.
-Веќе сум од другата страна на ридот. Не планирам да играм уште 21 година, тоа е сигурно. Не знам кога ќе се затвори таа врата, кога ќе се повлечам, но не ми останува уште многу време, ги цитира „Атлетик“ зборовите на Џејмс.
На 1 април Лејкерси го победија Бруклин како гостин во НБА натпревар со 116:104. Најпродуктивен играч на паркетот беше „кралот“ со постигнати 40 поени.
Оваа сезона „езерџиите“ имаат 42 победи во 75 натпревари. Тимот е деветти во поредокот на Западната конференција.
Пред тоа, кошаркарот настапуваше за Кливленд Кавалирс и Мајами Хит. 39-годишниот Американец е на првото место на листата на најпродуктивни играчи во НБА.
Ново на Сител
-

Eлектрични тротинети ќе возат само полнолетни, не побрзо од 20 км/ч
-

Тема на денот со Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд
-

Пратениците не ја прифатија интерпелацијата за работата на министерот Тошковски
-

Преглед на вестите од светот
-

По третпат интерпелација за Тошковски во Собранието
-

Бугарскиот амбасадор повикан во македонското МНР за дипломатската нота за семејството на премиерот
-

„Везилка“ почнува со работа
-

Филипче: Загрозен вториот пензиски столб, дупката во ПИОМ е 40%
