Легендарната „10-ка“ во Барселона ќе ја носи Јамал
Шпанскиот репрезентативец Ламин Јамал, кој во јули ќе го прослави својот 18 роденден, ќе го носи легендарниот дрес на Барселона со број 10, со кој во минатото настапуваше Аргентинецот Лионел Меси.
Раководството на Барселона одлучи да му го даде култниот дрес на Јамал пред сезоната 2025/2026, објави денеска шпанскиот весник „Мундо Депортиво“., додавајќи дека овој потег доаѓа по трансферот на Ансу Фати како позајмен играч во Монако, со што култната „десетка“ остана слободна.
Дресот со број 10 во Барселона не е само бројка, туку симбол. Од Ривалдо и Роналдињо до Лионел Меси, „десетката“ симболизира креативност, генијалност и лидерство.
Весникот посочува дека одлуката на клубот да му го додели дресот со бројот 10 на Јамал ја одразува вербата во неговиот долгорочен потенцијал и глобална привлечност.
Ново на Сител
-
Нови инвестиции и вработувања во ТИРЗ
-
УЈП го имала казнето сопственикот на Пулс, тој ја платил глобата, а му било запечатено другото кафуле во Кочани
-
30 семејства без вода во домовите во најтоплите денови од годината
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис
-
Расте бројот на странски инвестиции
-
Топлотниот удар го зема ,„Данокот“
-
Недостигаат хотели на брегот на езерото