Недостигаат хотели на брегот на езерото
Недостигаат хотелски капацитети на брегот на Охридското езеро.Со зголемувањето на бројот на посетители поради недостиг на легла туристичките работници неможат да одговорат на потребите на туристите кои сакаат хотели со 4 и 5 ѕвезди. Потребно е да се изградат хотели со светски бренд, ускладени со препораките на Унеско кои ќе бидат дел од понудата на секој посериозен туристички центар.
Во однос на цените туристичките водичи сметаат дека иако има покачување сепак остануваме најефтина дестинација од останатите центри.
Во Охрид покрај луксузни хотелски капацитети,недостигаат и елитни ресторани.
Туристичките работници сметаат дека тие ќе понудат нови содржини, а со тоа ќе привлечат туристи и со подлабок џеб кои ќе придонесат за севкупниот развој на туризмот.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар