Леклер: Јас и Хамилтон имаме сличен стил на возење

Шарл Леклер призна дека бил изненаден кога сфатил дека тој и новиот возач на Ферари, Луис Хамилтон имаат сличен стил на возење. Шарл дури и прецизираше дека двајцата се многу блиску во начинот на кој пристапуваат кон свиоците.
- Бев изненаден, стилот на возење со Луис ни е многу сличен. Двајцата се обложивме да влеземе во свиокот со поголема брзина. Ова е добро затоа што значи дека и двајцата имаме исти барања за болидот и затоа работиме заедно во иста насока и ни требаат исти работи, објасни Леклер.
Пилотот од Монако ја коментираше и адаптацијата на 7-кратниот светски шампион во тимот од Маранело.
- Од почетокот на годината поминуваме многу време заедно, помалку на патеката, повеќе во студиото каде не снимаа.Тоа не ми се допаѓа особено, но е дел од нашата работа. Едвај чекам да се тркам со Луис и се надевам дека можеме да го вратиме Ферари на врвот, додаде Лекер.
Ново на Сител
-

СДСМ: Случајот Груби е режија
-

ССМ ја напушти седницата на економско социјалниот совет
-

ДКСК: Финишира предметот за Цвета Ристова
-

Калиманци полна, стартува наводнителната сезона во Кочанско
-

Аерозагадувањето проблем и во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Младите во Радовиш ослободени од комуналии
-

Ќура - работиме на предлог закон за плажи
