Леклер: Не сме доволно брзи и покрај подобрувањата на болидот

Петочниот слободен тренинг пред Големата награда на Формула 1 на Бахреин покажа дека промените и подобрувањата на болидот на Ферари функционираат, но покажа и дека се уште не се доволни за директна битка со Мекларен.
Ферари ги искористи првите големи промени оваа сезона – нова верзија на подот и нов дифузер, а до последно имаше сомнежи за новиот под.
-Едноставно не сме доволно брзи во однос на перформансите на Мекларен. Во моментов изгледаат како да се од друга планета. Непријатно е, но тоа се фактите, но не мотивира да се обидеме да ја намалиме разликата што е можно побрзо. Но, Мекларен се неверојатно брзи, а разликата е голема, објасни Леклер.
Возачот од Монако додаде дека нема шанси Ферари да се бори за победи и подиуми, бидејќи СФ-25 нема брзина и тркачко темпо за такво нешто.
Ново на Сител
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
-

Охрид полн со туристи, се бара место повеќе
-

Политички судир за фузијата на градинките во Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
