Охрид полн со туристи, се бара место повеќе
Охрид полн за продолжениот празничен викенд. За Илинден туристичкиот центар го живее шпицот на сезоната. Најбројни гости се домашните и од регионот, Европа но и нашинците од Америка, Канада и Австралија кои годишниот одмор го користат во родните краеви.
Хотелите долж езерото се целосно исполнети а место повеќе се бара и во приватното сместување.
Добрите познавачи од областа на туризмот посочуваат дека неопходно е да се направи истражување на пазарот како да се зголеми претстојот но и потрошувачката.
Шпицот на сезоната привлекува посетители од сите краеви ширум светот за дел од нив најатрактивни се концертните настани, додека пак останатите уживаат во посетата на културните знаменитости,многубројните цркви и турите со бродови и катамарани низ езерото.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
