-->
-->
Леонардо Ди Каприо објави слика од Скопје
-->

Славниот холивудски актер, Леонардо ди Каприо објави слика на Инстаграм, споделувајќи извештај за влијанието на климатските промени на човековото здравје.
Со извештајот, тој стави слика од скопскиот плоштад, на која може да се види како мајка и дете како се разладуваат при високи температури.

„Зголемувањето на температурите, може да резултира со зголемување на болести поврзани со топлината и смртни случаи, како и закана од нови заразни болести, тврдат научниците од универзитетот „Џон Хопкинс“. Во еден труд објавен во „Journal of Clinical Investigation“, се вели дека со климатските промени, можеме да очекуваме да се зголемат случаите на грчеви, исцрпување и потенцијални срцеви удари. Екстремната топлина особено ќе влијае на децата, постарите луѓе, луѓето кои страдаат од хронични болести и луѓе од ранлиците категории“, напиша славниот актер на Инстаграм.
Инаку оваа фотографија е направена од Роберт Атанасовски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Укинувањето на Пржинската влада пред пратениците
-

Седница на работните групи за Изборниот законик
-

Мицкоски: Интензивно се работи на реформската агенда
-

Доживотен затвор за „касапот од Штип“
-

Продолжува трендот на зголемен интерес за стручните училишта
-

Прилеп започнува со решавање на хаосот на најкритичните крстосници
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
