Левандовски, Гризман и Емболо меѓу петте најплатени фудбалери во МЛС

Полјакот Роберт Левандовски, Французинот Антоан Гризман и Швајцарецот Брил Емболо се меѓу петте најплатени играчи во МЛС лигата откако се преселија во американскиот фудбал ова лето.
Левандовски има основна плата од 16 милиони долари во Чикаго, додека неговата вкупна загарантирана заработка изнесува 19,51 милиони долари, објави синоќа Здружението на играчи на МЛС во својот завршен извештај за платите за 2026 година.
Полјакот е втор најплатен играч во МЛС лигата, зад Лионел Меси од Интер Мајами, чија загарантирана заработка изнесува 28.333.333 долари.
Гризман е на третото место со плата од 10.443.243 долари и вкупна заработка од 13.938.354 долари. Триесетипетгодишниот напаѓач пристигна во Орландо во јули од Атлетико Мадрид и постигна 14 голови на 18 натпревари.
Напаѓачот на Лос Анџелес, Сон Хеунг-мин, падна од второто на четвртото место со плата од 10.338.750 долари и вкупна заработка од 11.152.852 долари, додека 29-годишен напаѓач Емболо, кој дебитираше за Атланта во август откако пристигна од Рен, е на петтото место со плата од 9,74 милиони долари и вкупна заработка од 10.811.400 долари.
МИА
Ново на Сител
-

ФБИ повторно цел на хакерски напад, овојпат пробивот насочен кон базатa на податоци за криминал
-

Променливо облачно, во западните делови повремено ќе има засилен ветер
-

Трамп ја опиша атмосферата од средбата со Шји и Путин како одлична
-

Пуштени во продажба влезниците за натпреварот на македонските кошаркари против Кипар во Скопје
-

Сараевски медиуми: Поднесено е обвинение против премиерот, министерот за полиција на ФБиХ и други поради примање мито
-

Мицотакис: Грција ги доби сите средства што ѝ следуваа од европскиот Фонд за закрепнување, вкупно 35,95 милијарди евра
-

Генералниот секретар на НАТО утре ќе ја посети Полска, на местото каде што денеска паднаа две руски ракети и дрон
-

Влада: Заштитата на жртвите е приоритет, насилството не смее да биде предмет на партиски препукувања
