Лидерите на институциите на ЕУ изрази жалење за смртта на папата Франциск

Првите луѓе на институциите на Европската Унија во објави на социјалните мрежи изразија жалење поради смртта на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск и сочувство со милионите католички верници ширум светот.
– Им се придружувам на повеќето милиони луѓе ширум светот кои тагуваат за смртта на неговата светост, папата Франциск. Беше длабоко сочувствителен. Тој се грижеше за големите глобални предизвици на нашето време – миграцијата, климатските промени, нееднаквостите, мирот, како и за секојдневните борби на еден и на сите, наведе претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта.
Тој посочи дека со својата најнова порака за Светскиот ден на мирот, папата предложи три активности за да може да дојде до „трајна промена“ – простување на меѓународниот долг, укинување на смртната казна и прераспределба на средствата за воените потреби за ставање крај на гладот.
– Нека неговите идеи продолжат да не водат кон иднината на надеж. Requiescat in pace (Нека почива во мир), додаде Кошта.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пак, оцени дека денеска светот жали за смртта на папата Франциск.
– Тој инспирираше милиони луѓе, и надвор од Католичката црква, со својата понизност и толку чиста љубов за помалку среќните. Моите мисли се со сите кои ја чувствуваат оваа длабока загуба. Нека најдат утеха во идејата дека наследството на папата Франциск ќе продолжи да не води сите нас кон поправеден, мирен и сочувствителен свет, истакна Фон дер Лајен.
Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола наведе дека Европа жали за смртта на неговата светост, папата Франциск.
– Неговата заразна насмевка ги освои срцата на милиони луѓе ширум светот. „Народниот папа“ ќе остане запаметен по неговата љубов кон животот, надежта за мир, сочувството за еднаквоста и социјалната правда. Нека почива во мир, додаде Мецола.
Ново на Сител
-

ЕК почна преговори за вклучување на Западен Балкан во европската шема „Роаминг како дома“
-

Облачно со сончеви периоди и северен ветер
-

Хакиран мејлот на министерот за здравство на Грција – во негово име „нарачале“ 200 луксузни автомобили и 25 оружја
-

ЕУ воведува ограничување за токсинот цереулид во храната за бебиња
-

Со богослужби и свечена академија ќе бидат одбележани 130 години од храмот „Свети Димитриј“
-

Јаневска: Врсничкото насилство бара заедничка одговорност, родителите мора повеќе да се вклучат
-

Италија планира да ги казнува возачите кои возат пребавно во левата лента
-

Притвор и мерки за претпазливост за осомничените за перење пари и изнуда во Куманово
