Македонија
6. November 2026 - 19:28

Со богослужби и свечена академија ќе бидат одбележани 130 години од храмот „Свети Димитриј“

Со свечени богослужби и академија, утре и в недела ќе бидат одбележани празникот посветен на светиот великомаченик Димитриј и 130-годишнината од изградбата на храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје.

Одбележувањето ќе се одржи со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Програмата започнува утре, 7 ноември, во 17 часот, со празнична Вечерна богослужба и Акатист, со кои ќе чиноначалствува Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.
Во 18:30 часот, во Националната установа „Музеј на македонската борба за самостојност“, ќе се одржи свечена академија по повод значајниот јубилеј.

На 8 ноември, недела, со почеток во 9 часот, ќе биде отслужена Божествена литургија, со која ќе чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски г. . Стефан, во сослужение со Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.

По тој повод, од храмот ги покануваат сите верници молитвено да учествуваат во настаните со кои ќе бидат одбележани 130 години од изградбата на црквата. 

 

МИА