„Лидл“ гради објект и во Аеродром, најавено ново поглавје во малопродажбата

Во Реонскиот центар во општина Аеродром денеска е поставен камен-темелник на нов малопродажен објект на германската компанија „Лидл“. Новиот објект на „Лидл“ на парцела покрај булеварот „Видео Смилевски- Бато“ ќе се протега на површина од 3.438 метри квадратни со модерен продажен самол од 1200 метри квадратни и 57 паркинг места.
-Ова не се само бројки туку порака дека компанијата влегува сериозно на македонскиот пазар со визија за долгорочен раст и развој, рече премиерит Христијан Мицкоски во обраќање на свеченоста.
Според Мицкоски, со оваа инвестиција Македонија добива нова енергија и нови работни места и е потврда дека сме вистинска дестинација за инвеститорите. Овој проекет, оцени, е почеток на ново поглавје во малопродажбата со нови стандарди, со поголема конкуренција и подобри услови за граѓаните.
Мицкоски потсети дека инвестицијата на „Лидл“ во Македонија се одолговлекуваше и беше заглавена, но оти по изборот на Владата е откочена и ставена меѓу првите прироритети.
- Менаџментот на Лидл ја прифати нашата забалеша за зголемување на застапеноста на домашното проиозводство и на македонските производи на полиците на „Лидл“, што е од исклучителна важност затоа што со тоа се поддржува локалната економија и се грди доверба кај потрошувачите дека македонското е најдобро. Македонски производи не само што ќе се наоѓаат на полиците на „Лидл“ во Македонија, туку вече се на полиците на „Лидл“ во околните земји. Во 2024 година извозот беше 5 милиони евра, а годинава очекуваме да достигне 10 милиони евра и да продолжи да расте, рече Мицкоски.
Компанијата „Лидл“ интензивно го гради и првиот продажен објект во Скопје којшто се наоѓа на просторот каде порано се наоѓаше „Бриколаж“ во општина Гази Баба.
Ново на Сител
-

Бебе пронајдено живо откако 24 часа минало закопано во плиток гроб во САД
-

Полска одбележува 108 години од независноста
-

Рубио потврди дека Трамп следната недела во Шенжен планира средба со лидерите на Кина и Русија
-

Продолжува големата еко-акција за чистење на Скопје
-

Американските акции паѓаат поради раст на инфлација, цените на нафтата се намалуваат
-

Бројот потврдени случаи на ебола во Конго надмина 11 илјади, досега починати 5.387 лица
-

Променливо облачно со повремени сончеви периоди
-

Битолчанец не се отрезнил два дена, го фатиле со 3,23 промили па за 30 часа со 3,50 промили алкохол во крвта
